Ковачевски-Фасино: Прашањето на почеток на преговорите на Брисел со Северна Македонија е неопходен одговор на потребата за безбедноста на Европа

Прашањето на почеток на преговорите на Брисел со Северна Македонија е неопходен одговор на потребата за безбедноста на Европа, констатирале на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Домот на пратениците на италијанскиот парламент Пјеро Фасино.

На средбата, пред почетокот на официјалната и работна посета на Италија и Ватикан на Ковачевски, е истакнато традиционалното пријателство меѓу Северна Македонија и Италија кое постојано се унапредува на највисоко институционално ниво кое е втемелено на заедничките европски вредности.

„Премиерот Ковачевски на средбата се заблагодари за силната поддршка за европските перспективи на нашата земја која беше и формално изразена со резолуцијата на Парламентот на Република Италија во која италијанските народни претставници побараа ЕУ да го продолжи проширувањето со итно започнување на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, како приоритетно прашање со која ќе биде потврдена европската перспектива на Западен Балкан“, наведуваат од владината прес-служба.

Ковачевски во тек на престојот на Ватикан и Рим ќе има аудиенција кај папата Франциск и ќе присуствува на молебенот на гробот на Св. Кирил во црквата „Сан Клементе", а во работниот дел од посетата се најавени средби со претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги, како и со премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе