Прес-конференција на СДСМ

Костовски: По неуспешната режија на Мицкоски, се заплеткаа ВМРО со Алијанса, Данела со Алијанса

„Прво Мицкоски велеше дека во него пукале, потоа дека пукале во толпата. Па какви се овие глупости, како од толкава толпа Мицкоски се препозна самиот? Се знае како, затоа што тој го смисли и го режираше ова сценарио кое не успеа. Ова говори дека нема основни човечки граници ова насилничкото и деструктивно однесување на Мицкоски и неговите коалициски партнери.Видете денеска како се заплеткаа од сопствените лаги, Алијанса вели се бранел, ВМРО-ДПМНЕ ја обивнува власта, Алијсна го обвинува ВМРО-ДПМНЕ“, изјави пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

За свои лични цели, Мицкоски вчера беше подготвен да ја втурне целата држава во конфликт, преку опасно, мрачно и крваво сценарио за граѓански судир и етнички конфликт. Тоа крваво сценарио не успеа заради притисокот од јавноста и реакција на институциите, рече Костовски и додаде дека се потврди дека сѐ е дел од мрачните глави во ВМРО-ДПМНЕ и анти европските партии.

Пратеникот рече дека Мицкоски не беше жртва туку режисер и главен реализатор на тоа мрачно, крваво сценарио.

„Човекот кој требаше да има клучна улога се покажа дека е брат на висок функционер на Алијанса за Албанците, кого Данела Арсовска го постави на директорска функција. Еве ги фотографиите кои го потврдуваат сетоа ова. Ова е коалицијата на Мицкоски!

Добро е што Арсовска го разреши директорот, но со тоа и самата директно потврди дека се работи за коалициски партнер и дека било договорено сценарио, кое за среќа, под притисок на јавноста пропадна“, рече Костовски.

Дека станува збор за класично крваво сценарио на Мицкоски и неговите партнери Левица и Алијанса тој оцени дека говори и самата негова прес конференција, зашто како што рече, прво Мицкоски велеше дека во него пукале, потоа дека пукале во толпата.

„Го повикуваме Мицкоски да се откаже од нови крвави сценарија, да престане да ги турка луѓето во смислени судири и конфликти и јавно да се огради од неговите пиштолџии и качулки. А потоа да повика на итен прекин на насилството“, рече Костовски и ги повика граѓаните да останат смирени.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе