По објавата на Фејсбук на директорот Гогов

Костадинов: Обезбедивме возило за струмичката болница, ќе стаса за два месеци

Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за струмичката болница, објави пратеникот од Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов.

Ова следува откако директорот на струмичката болница, Наќе Гогов преку статус на Фејсбук побара граѓаните да донираат за ново возило за струмичката болница, но по негативните коментари се повлече.

„Го разбирам притисокот кај здравствените работници. Дополнително се прват напори и за повеќе, во првото тромесечије од 2021 како донација од Кина ќе пристигнат 60 амбулантни возила за Македонија. Само со искрен разговор, со силни заложби можеме да ги решаваме сите проблеми, наталожени поради непреземање ништо во минатото но и оние кои произлегуваат од секојдневието. Како политичар секогаш сум давал се од себе за мојата Струмица, тоа и ќе продолжи со сигурност“, напиша Костадинов.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе