СДСМ го прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Костадинов: Мицкоски, со кои бугарски структури соработуваш?

Портпаролот на СДСМ Костадинов го прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски да каже со кои структури во Бугарија соработува имајќи предвид дека на протестот изјави дека „има информации дека овој викенд во Софија се распарчува Македонија". На прашањето дали ќе биде прифатен „патоказ“ кон Договорот со Бугарија, тој одговори дека „нема потреба и нема да се случи ниту нов Договор, ниту анекс“ и дека „нема нови разговори и нема официјални претставници во Софија“.

„Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже кој му ја дал оваа информација? Дали лично му се јавија на Мицкоски или преку посредници? Ако знаел дека се подготвува нешто опасно по државата зошто не пријавил во надлежни институции? Еве го викендот. Ниту се распарчивме ниту имало официјални претставници во Софија", рече Костадинов.

Тој притоа го постави, како што рече, клучното пршање - за кого одработува Христијан Мицкоски, за чиистрански интереси, за кои центри. Костадинов оцени дека во многу важен период за македонската иднина кога се работи за членството во ЕУ, Мицкоски работи против сопствената држава.

„Масовно и оркестрирано се шират невистини, се пласираат лажни вести, се поттикнуваат конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните.Слично како и потпишувањето со Преспанскиот договор. И тогаш се ширеа лаги 'толку со македонскиот идентитет' за да се покаже сосема спротивното, дека е потврден и признаен. За македонскиот идентитет не се разговара, и не може да се разговара ниту ќе разговара. Мицкоски, на твоја огромна жал. Ние сме Македонци! Зборуваме македонски јазик кој нема бугарски корени! Македонската иднина е во и со Европа!", рече Костадинов.

На новинарско прашање дали има преговори во Софија и дали ќе биде прифатен „патоказ“ како дополнение или анекс на Договорот со Бугарија и во таква форма да стане дел од преговарачката рамка, Костадинов рече:

„Нема никакви разговори и нема официјални претставници во Софија. Она што е важно за периодов да се каже е дека Договор, кој што веќе е потпишан, постои. Нема потреба и нема да се случи ниту нов Договор, ниту анекс. За идентитетот наш македонски, за јазикот наш македонски, ниту се разговарало или преговарало, ниту се разговара или преговара. Хистеријата што ја шири самопрогласениот хистеричен политичар Христијан Мицкоски е исклучиво во функција на штета на сопствената држава и сопствениот народ во еден период коишто е многу важен за нашата заедничка иднина.“

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе