Косовските власти бараат посета на осудените за Диво Насеље и бараат казната да ја издржат во нивните затвори

Косово официјално побара да ги посети 17-те косовски државјани кои се во затвор за случајот Диво Насеље. Вакво барање од амбасадата на Косово во Скопје веќе е стигнато во македонското Министерство за надворешни работи.

Косовските државјани беа уапсени на 9 мај 2015 година. Вчера претседателката на Косово, Вјоса Османи на заедничката конференција за медиуми со македонскиот претседател Стево Пендаровски, изјави дека Косово ќе ја чека конечната одлука од Врховниот суд, а потоа заедно со Владата во Скопје ќе се работи на можноста косовските државјани да бидат префрлени во Косово за таму да го отслужат преостанатиот дел од казната.

„Видовме дека и самиот премиер Заев изрази спремност за меѓународна истрага, односно за вклучување на експерти од надвор кои би ги споредиле доказите за да помогнат случајот да се расчисти до крај. Во таа насока Косово ќе ја понуди потребната помош. Потребно е да се придвижи соработката, која постои меѓу двете министерства за правда, за процесот институционално да продолжи напред“, изјави Османи.

Пресудата за „Диво насеље“ пред неколку месеци се најде пред Врховен суд откако беа поднесени жалби против пресудата која пред две години ја потврди Апелацискиот суд во Скопје.

Одбраната на обвинетите за случајот Диво Насеље во јули годинава, на јавна седница пред Врховниот суд во Скопје побара укинување на пресудата и случајот да се врати на повторно судење или таа да се преиначи во ослободителна, поради „суштествени повреди на кривичната постапка пред првостепениот и второстепениот суд, погрешно утврдената фактичка состојба и повреда на кривичниот законик“.

Поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај, во август 2018 година побара затворениците за тероризам да бидат екстрадирани во Косово и преостанатата казна да ја одлежат во косовските затвори. За овој случај се расправало и во косовскиот парламент за доиздржување на затворската казна за некои од членовите на ‘кумановската група’.

За настаните од кумановската населба на 9 и 10 мај 2015 година на затворски казни осудени се вкупно 33 лица, а ослободителни пресуди добија четири лица. Судскиот процес се водеше за кривичните дела тероризам и терористичка организација.

Во вооружената престрелка во мај 2015 година животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и 10 членови на вооружената група.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе