Овие билборди се поставени на повеќе локации низ Скопје. По неколкудневните препукувања на релација Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје, директори на неколку градски претпријатија, решенија за откази, најави за кривични пријави и партиите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, денеска се објавени и овие пораки.
Денеска ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Арсовска е новото лице на СДСМ. „Таа е лидер на новоформираната клептоманска коалиција каде се собрани уценети луѓе од Спасовски, Зечевиќ и МВР. Затоа СДС од петни жили се труди да ја одбрани Арсовска и нејзината инволвираност во злоупотреби со пречистителната станица и директни конекции со турската компанија за која однапред знае каква понуда дала. СДС дури во ова тешко време на енергетска криза не жали пари да мести билборди само да ја одбрани Арсовска“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ одговорија дека „кавгите во Градот Скопје, за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра се на директна штета на граѓаните и го покажува вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“.