Финиш на преговорите

Кон Беса се приклучи Фатмир Лимани со својата политичка структура

Во седиштето на Движењето Беса во Скопје денеска ќе се одржи прес-конфреренција на која ќе биде објавено дека кон партијата се приклучи Фатмир Лимани со својата политичка структура, информираат од Беса за МКД.мк. Лимани, кој е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, минатата година ги напушти „интегративнците“ и се кандидираше за градоначалник на Кичево, освојувајќи близу 5.000 гласови. Вели дека има моќен политички штаб и ограноци низ земјава.

Генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа во изјава за МКД.мк потврди утрово дека во 11 часот јавноста ќе биде информирана дека на партијата ѝ се приклучи Фатмир Лимани со својата политичка структура и дека пред новинарите и самиот Лимани ќе информира за мотивите да ѝ се приклучи на опозициската Беса и за политичкиот капацитет на својата структура.

Лимани за МКД.мк најави дека веќе од утре ќе почнат нови активности со Беса, најпрво ќе биде формализиран моќен огранок во Битола, веќе подготвен од негова страна пред неколку денови, каде ќе се приклучат приврзаници и на другите  партии на Албанците, но и дека потоа ќе се објават ограноци и во други места.,Самиот тој ќе ги води партиските активности во Изборната единица број 5, каде вели, има големо влијание, со цел да се постигнат резултати на избори кои тој ги очекува во септември.

Лимани во изјава за МКД.мк неделава го најави своето приклучување кон Беса. Тој водеше разговори и со Алијанса за Албанците, со идеја за окрупнување на албанската опозиција, но рече дека во моментов кај партијата на Зијадин Села активностите се насочени кон конгресот идниот месец кога се можни партиски преструктуирања и дека разговорите биле паузирани.

П.Џ.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе