Локални избори

Кога ќе се „укочи“ апаратот за отпечаток: Кој го измисли ова, што попрво да гледам?

Кој го измисли ова (апаратот за земање отпечаток), дали него да го гледам, дали пораките на мобилен или оние (гласачите) пред врата? Ваква е нервозната реакција на член на Избирачкиот одбор кога ќе види дека апаратот за препознавање на отпечаток од прст се „заглавил“.

Ова е ситуација на избирачко место во скопски Аеродром.

Токму кога ќе дојдете на ред за гласање, од просторијата ви велат „останете надвор“.

Избирачки одбор (ИО): Се „укочи“ апаратот.

Граѓани: И сега?

ИО: Мора да се ресетира. Не влегувајте.

ИО: Кој го измисли ова (апаратот за земање отпечаток), дали него да го гледам, дали пораките на мобилен или оние (гласачите) пред врата?

ИО: Еве ѕвонам, се вклучува мејли (веројатно кај техничките лица задолжени за апаратите).

ИО: Ќутете, еве ѕвони.

ИО: Се укочи апаратов. Се појави извичник, црвен.

ИО: Да го исклучам принтерот? Добро.

ИО: Пак е црвено.

ИО: Уште е црвено (по добиени инструкции од другата страна на линијата).

ИО: Сега да ресетирам? Добро.

ИО: Бек, бек, бек. Уште бек? (Back – назад)

ИО: А еве се појави зелено.

ИО: Сега да го уклучам принтерот, така?

И така 10-15 минути. Пред гласачкото место веќе се создава поголема редица. Дел од гласачите исто така нервозни: Што е ова? До кога ќе се чека? Кој го измисли ова...

И, ако немате среќа, апаратот нема ви го препознае прстот. Еден, два, три...пет обиди со показалецот на двете раце. И на крајот завршувате со отпечаток во мастило.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе