НА 8 април

Во Скопје ќе се одржи „Марш на гордоста и достоинството“ за Меѓународниот ден на Ромите

Здружението „Романо Авази“ со протестен марш од Топанско Поле, преку улицата „Самоилова“ до Владата ќе го одбележи 8 април, Меѓународниот ден на Ромите, при што ќе поднесе барања за решавање на проблемите со ромската заедница.

„Со овој марш ќе биде испратена порака дека ние не сакаме да бидеме Роми само еден ден во годината. Власта треба да вложи поголеми напори за состојбата на Ромите да се подобри и да стигне на ниво како кај останатите заедници кои живеат во Македонија“, стои во соопштението на здружението „Романо Авази“.

Здружението бара измени на Правилникот за користење на социјална парична помош и почитување на охридскиот Рамковен договор и правична застапеност на Ромите при вработувањата. Исто така, од Владата бараат почитување на основните човекови права и прекинување на дискриминаторските постапки на граничните премини, но и јавно извинување на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за, како што сметаат, навредата на ромската заедница.

Протестниот „Марш на гордоста и достоинството“ ќе започне во 11:45 часот.

Со поддршка за барањата на „ Романо Авази “ се јави ЦИВИЛ – Центар за слобода. Сметаат дека барањата се оправдани и целат кон подобрување на состојбите на Ромите во секој политички и социјален сегмент.

ЦИВИЛ - Центар за слобода реагираше веднаш по објавените аудиоснимки од опозицијата, сметајќи дека речникот на министерката Јанкуловска е навредлив. Тогаш ЦИВИЛ побара јавно извинување кон Ромите и одговорност за искажаната навреда.

Инаку, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ, 8 април, Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе