Ќе се формира советодавно тело за употреба на имиња на историски личности на здруженија

На денешната 79-та седница на Владата на Република Македонија беше донесена одлука за формирање на советодавно тело за давање на мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице.

Претходно, Владата ја усвои информацијата за потребата од иницирање меѓуресорско, ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, којшто е во фаза на изработка.

Ова е преодно решение за барањата поднесени од страна на здруженијата и сите правни субјекти, кои во името имаат историска личност.

Формираното тело ќе ги анализира поднесените предмети и на надлежните институции ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој ќе се формираат, со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи.

Советодавното тело е составено од седум членови, номинирани од самите институции и тоа:

1. д-р Билјана Ристовска – Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј'' – Скопје;

2. д-р Бобан Петровски, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје – за прашања од антички период и среден век/д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје – за прашања од нов и најнов век;

3. Академик Драги Ѓоргиев, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите;

4. Антонио Павлоски, посебен советник во кабинетот на министерот за култура;

5. Билјана Мицковска, од сектор за правни работи при Министерството за економија;

6. Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и

7. Ана Трајчева - регистратор во Централниот регистар на Република Македонија;

Во работата на ова тело по потреба може да бидат вклучени дополнително и други лица од граѓанскиот сектор и надлежните институции.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе