Ќе се формира солидарен Ковид-19 фонд, одлучи Владата

Владата донесе одлука да се формира солидарен Ковид-19 фонд, како посебна наменска сметка за примање донации од правни и физички лица кои ќе донираат средства, а ќе се користат за помош при справување со коронавирусот.

Одлуката за формирање на фондот е дел од новиот втор сет економски мерки за помош поради кризата со коронавирусот што ги објави денеска премиерот Оливер Спасовски со владиноот економски тим.

Спасовски повика во фондот да донираат сите правни и физички лица на кои оваа држава им овозможила да создаваат профит.

„Сега е моментот да се солидаризираме“, порача премиерот Спасовски.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе