Нови детали за скандалот со бегството на ерменскиот дипломат

Ќе го испитува ли работната група на Османи и случајот со македонскиот дипломат кој трчал на граничниот премин со Србија?

Случајот со вмешаноста на македонските дипломати во евакуацијата на ерменскиот дипломат од неговата матична земја освен тоа што отвори сериозни прашања во функционирањето на државните служби и нивната корумпираност, добива и комични елементи. МКД.мк веќе неколку дена ја следи оваа приказна и дојде до нови сознанија за вториот македонски дипломат вмешан во овој скандал.

Владимир Сарафов, македонски дипломат кој бил замешан во 2018 година во мисијата за спасување на ерменскиот колега кој бегал од својата земја поради перење пари и даночни затајувања, во јуни годинава немал поим дека по него има меѓународна потерница. Тој заедно со неговото семејство, во јуни се обидел да ја помине српската граница, но бил запрен и тргнат на страна од српските погранични служби. Имајќи обзири кон неговиот дипломатски статус, српската полиција му укажала дека по него има потерница и го замолила да почека. Претпоставувајќи веројатно дека се работи за веќе заборавениот случај од 2018 година, тој панично почнал да трча кон македонската страна од границата, заборавајќи на синиот дипломатски пасош. Истата вечер, српските служби го известиле македонското Министерство за надворешни работи, за тоа дека поседуваат македонски дипломатски пасош и дека очекуваат натамошни инструкции што со пасошот.

Претпоставуваме дека актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи знаел за овој случај, знаел за некаква меѓународна потерница по некои македонски дипломати распишана од ерменските власти... Сето ова требаше да подразбере и преземање на соодветни мерки.

Но, само два месеци потоа, на 27 август српските власти испраќаат уште едно известување до македонското МНР дека Вишиот суд во Врање одредил екстрадиционен притвор за македонскиот дипломат Миле Миленкоски. Причина за притворот е меѓународната потерница распишана од Ерменија за „илегален премин на граница извршен од група по претходен договор или со употреба на сила или закана“.

Неколку дена македонското МНР молчеше, МКД.мк три дена чекаше на официјална потврда за овој настан, кој дојде откако ја објавивме приказната со приведувањето на македонскиот дипломат Миленкоски.

Во 2018 година тројца македонски дипломати со приватен авион, веројатно изнајмен во Србија, од Ереван со фалсификувани документи (најверојатно со македонски пасош обезбеден за ерменскиот дипломат) успеале да пренесат во Виена ерменски дипломат обвинет во неговата држава за затајување данок, перење пари и корупција.

Дури откако овој скандал одекна во македонската јавност, министерот Османи почна да дава изјави за длабоки проверки, за ветинг и за формирана работна група „што треба да изврши првична итна ревизија на состојбите со сертификатите и документацијата со цел да се утврди дали постои одредена иманентна закана за сигурноста и доверливоста на куќата, особено закана што е поврзана со предметниот случај, со приведениот македонски дипломат“.

Еве уште еден случај, трчањето на македонскиот дипломат од српска до македонска граница, кој оваа работна група ќе треба да го истражи, кога веќе МНР и другите надлежни служби тоа не го направија во јуни или и многу порано. Веќе ги поставивме и прашањата за тоа зошто уште во 2018 година, кога министер за надворешни работи беше Никола Димитров не се поништија дипломатските пасоши на тројцата дипломати на Министерството за надворешни работи со кои беше извршено кривичното дело „помагање на бегалец од правда“, за кого е распишана и меѓународна потерница од Ерменија? Дали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го известил јавниот обвинител за меѓународната криминална активност извршена од тројцата вработени во Министерството за надворешни работи? Зошто јавниот обвинител на Република Македонија не презеде мерки за да открие уште колку кривични дела сториле тројцата дипломати со злоупотреба на дипломатските пасоши од 2018 година до денес? Зошто безбедносните служби не презеле ништо во однос на сертификатите за национална безбедност (ЕУ и НАТО) пред истекот на важноста на тројцата дипломати? Како е можно лица под меѓународен прогон да бидат избрани за мисии во странство? Како актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи го потпишал решението за испраќање на Миле Миленкоски за дипломат во ОБСЕ Виена?

Освен тоа, и поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски вчера откри уште неколку недоследности во секојдневното работење на МНР: „Најдобар на конкурсот од февруари-март оваа година за избор на заменик амбасадор на македонската мисија при ОБСЕ (Виена) бил дипломатот Марјан Поп Ангелов, како што и одлучила комисијата во МНР. Но, ургенцијата од Зоран Заев до Османи била дека на таа позиција треба да оди Миле Миленкоски. Како реакција на ова, еден од наведените раководители во МНР остварил средба со премиерот, на која му било предочено дека се работи за несоодветен дипломат од „ерменската афера“ и како таков нема да е добар за имиџот на Македонија во ОБСЕ. Но, премиерот останал на својата ургенција. Крајниот резултат бил „падобранско“ додавање на Миле Миленкоски во групата на четворицата кои конкурирале за местото во ОБСЕ-Виена, како петти дипломат, исфрлање од игра на избраниот Марјан Поп Ангелов и потоа следува потписот на МНР Османи за упатување на Миленкоски во Виена“.

Ако е искрена намерата на Османи за расчистување на овој скандал, тогаш ќе треба навистина длабоко, длабоко да се копа.

А.Д.

Кој е Владимир Сарафов?

Владимир Сарафов снимен на работно место во МНР

Сарафов бил сoветник во кабинетот на минситерот Никола Димитров задолжен за секторот национални приоритети, дијаспора и малцински прашња. Името на Сарафов се споменува во повеќе инциденти по македонските дипломатско-конзуларни претставништва, а за два од нив пишуваа и медиумите – нападите на Сарафов врз дипломатите Александар Тавчиовски во Виена и амбасадорката Добринка Тасковска во Хаг. И за Сарафов и за Миленкоски колегите од Министерството за надворешни работи на Македонија велат дека биле многу блиски со Виктор Димовски, поранешен државен секретар во МНР и актуелен директор на Агенцијата за национална безбедност и владин кандидат за амбасадор во Анкара.  

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе