Кирил Лазаров: Престанете со корупција во политиката и политика во корупцијата!

Последната корупциска афера на малверзациите со плацевите во делчевско во кои биле вклучени и неколку луѓе, високо позиционирани во ЕВН, a во исто време и високо позиционирани партиски пајташи во ВМРО - ДПМНЕ, е само уште еден доказ дека корупцијата ги пуштила метастазите од туморот во секоја клетка на општеството, на најако, вели во својот фејсбук-пост Кирил Лазаров, сопсвеник на НИКОБ групацијата.

„Дрскоста на пајташите одела до таму, што нивните апетити биле во насока да се збогатат за 1,5 милиони евра за само неколку дена (што за чесен бизнисмен во Македонија би му требале едно 10 години) и за таа цел го довеле во заблуда целиот управен одбор на ЕВН, кој е еден од поголемите странски инвеститори во Македонија.

Но, суштината е дека корупцијата не би метастазирала до секоја клетка ако барем една политичка елита во овие 30 години не се обиде да аплицира некаков лек во организмот и да му помогне на системот барем да почне да се бори.

Тенденциозно користам медицинска терминологија во објаснувањето, затоа што корупцијата навистина почна да ја убива државата, системот, бизнисот и граѓаните. Буквално ги разболува и убива луѓето кои се во немоќ во рацете на ова чудовиште.

Корупцијата и криминалот се чудовиштето во Македонија веќе 30 години.

Тврдам дека она што го покажа пописната статистика оваа година е дека егзодусот што ни се случува во најголема мера е заради корупцијата. Зошто? Едноставно, нема бизнис и економија кога има корупција, кога нема бизнис, нема ни пари ни работа. Толку!.

Каде најмногу се всади корупцијата како метастаза? Како и каде се храни чудовиштето овие 30 години? Секако од политиката и партиите кои како организми се гладни за пари и моќ. Затоа во овој период ќе гледаме радикализации, протести, лажен патриотизам во партиите. Буквално се ќе се прави за парите и моќта да останат. Партиите во Македонија опстојуваат со пари и моќ, не со знаење и мудрост.

А, кој ги води партиите овие 30 години? Со, чесен број на исклучоци, луѓе кои не направиле ништо во животот, не создале ништо од нула, туку разгалени детишта кои татковците или чичковците или пак партијата им дале се во животот. На пример оние двајца од ЕВН кои се дел од криминалната шема ако не била партијата да ги реализира, која вредност би ја имале? Штом партија ти дава вредност и те факторизира, а не личниот труд, образование и работа, тогаш не вредиш ни пет пари, и таквите како нив треба да се искоренат од партиите и општеството.

Како понатаму и кога да кренеме глас?

Или ние бизнисмените, оние чесните да ставиме клуч на бизнисите и оставиме илјадници фамилии на улица и пребегнеме во Будимпешта, барем со законски стекнат имот (да ја оставиме иронијата на страна) или за да не бидеме соучесници и да кренеме глас, да размислиме кои алатки ги имаме на располагање. Плаќаме даноци, вработуваме луѓе, купуваме технологии, но со вакво иселување за неколку години ќе пропаднеме, нема кој да работи.

Да почнеме да размислуваме како да почнеме да се бориме против коруптивното општество и коруптивните политички елити. Имаме должност кон семејствата и фамилиите кои работат во нашите фирми, а се повеќе бараат билет во еден правец. Бизнисмени и индивидуи, кренете го гласот и оставете ги партиите“, напиша Лазаров.

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе