Катедрата за македонски јазик на универзитетот „Гоце Делчев“ е против францускиот предлог

Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип е против прифаќање на т.н. „француски предлог“ поради штетните последици што произлегуваат од него.

„Одбиваме научната и педагошката работа во Македонија да биде ставена во заложништво на цензура од странска земја, особено не од земја што со децении наназад демонстрира презрив, ненаучен, неевропски и нехуман однос токму кон македонистиката. Нашите предци ни ги оставиле македонскиот јазик и македонскиот идентитет без рок на траење и без можност за замена со евентуално зачленување во какви било сојузи за 20 или 50 години од денес“, се вели во ставот на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе