Во интервју за ТВ21

Касами: Нема да прифатиме каков било кандидат на ДУИ за премиер, собраниското мнозинство ќе се зголеми

Лидерот на Беса, Биљал Касами синоќа во интервју за ТВ21 во емисијата „Клик плус“ рече дека нема да прифатат каков било кандидат предложен од ДУИ за премиер Албанец во последните 100 дена од Владата.

Касами откри дека на таа тема разговарал со Заев, за што рече дека нема да поддржат каков било кандидат во последните 100 дена од мандатот.

На лидерската средба меѓу Заев и Ахмети било договорено на 100 дена пред избори премиерското столче да го преземе кандидат предложен од ДУИ.

Касами во интервју за ТВ21 рече дека приватните компании треба да работат на правична застапено, но дека во реалноста ситуацијата е друга.

„Дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик, затоа приватните компании треба да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови при вработувањето на сите граѓани“, рече Касами.

Лидерот на Беса рече дека Собраниското мнозинство во иднина ќе се зголеми и нема да биде тенко како сега.

„Со други пратеници во иднина ќе се зголеми парламентарното мнозинство во Собранието и за првпат по долги години ќе имаме Влада која ќе го реализира својот четиригодишен мандат, имаме многу работа и многу проекти кои се во интерес на граѓаните“, потенцираше Касами.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе