Калевска-Ванчева: Ме снимаше пратеникот Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ, и ќе барам извинување од него

Претседателката на собраниската Комисија за политички систем, пратеничката Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ ќе бара извинување од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ која синоќа ја снимал со мобилен телефон но и осуда од Комисијата за еднакви можности, за која што не верува дека ќе биде свикана, и од Клубот на пратенички.

Откако за снимањето на нејзиното деколте денеска проговори премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МКД.мк Калевска-Ванчева вели дека воопшто и не забележала дека некој ја снима додека не реагирале нејзините колешки.  

„Јас лично не забележав кога пратеникот ме снимал, но забележаа мои колешки и тие веднаш реагираа. Бев преокупирана со заштита на материјалите, и да ја завршам седницата согласно Деловникот.

Ме снимал пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев од Кавадарци, но тогаш не му се обратив да го прашам зошто го направил тоа, бидејќи во тие моменти друго беше побитно. А потоа, веќе не го видов“, ни изјави Калевска-Ванчева.

Зоран Јованчев

Додава дека не знае зошто го сторил, ниту пак за неа е разбирливо. Но, како што вели, научени се на многу нелогични и неразбирливи работи.

Премерот Ковачевски денеска од собраниската говорница кажа дека пратеничката била снимена, но не откри кој ја снимал.

„Свесен е народот за деструкцијата која произлегува единствено од опозицијата. Само ако се погледнат снимките од вчерашниот ден, ќе се види пратеник , кој во моментов ми се смее, како со мобилен телефон ја снима претседателката на Законодавно-правната комисија на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Не знам што ќе ѝ прави на таа снимка“, рече Ковачевски.

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе