Каевски: Неуспешниот пироман Ковачки и претседателот во обид Таравари се дел од крвавото коалициско сценарио

Неуспешното крваво сценарио на насилните протести на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, се потврди дека било помогнато и од структури блиски на Алијанса во Скопје, односно на претседателот во обид, Арбен Таравари, изјави на прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Сите пиштолџии на Мицкоски, МВР ги пронајде и се санкционирани. Меѓу нив предничи Јусуф Енус алијас Цуфи Кока, чиј брат беше директор на Комунална хигиена Скопје поставен од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, односно од Арсовска. Само по два дена од разрешувањето од директорската функција, иститот Јусуф Енус е поставен за шеф на кабинет на новата директорка Косана Мазнева. Очигледно дека коалицијата на структури на Алијанса во Скопје, под команда на Таравари, одлично функцираат со ВМРО-ДПМНЕ под команда на Мицкоски“, рече Каевски.
Тој пред медиумите кажа дека јавноста очекува одговори на неколку клучни прашања.

„Дали неуспешниот пироман и армиски дезертер Драган Ковачки е лицето за контакт од ВМРО-ДПМНЕ за ова неуспешно сценарио?
Зошто молчи Ковачки на прашањето дали ги координирал лицата со качулки пред Собранието и поранешни припадници на Армијата во насилното сценарио?
Дали Арбер Таравари е лицето за контакт со структурите блиски до Алијанса во Скопје?“, праша Каевски.
Тој додаде дека очекуваат надлежните институции, МВР, обвинителство, судство целосно да го расветлат обидот за крваво сценарио и етнички тензии и да дадат одговори на клучните прашања, како и дека е факт оти „антиевропската коалиција на Таравари и Ковачки не успеа во своите намери“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе