Каевски рече дека сето ова граѓаните го слушнаа и во бомбите, во материјалите од „Вистината за Македонија“, но и дека бројните судски пресуди и признанија како во предметите „Титаник" „Тенк" Таргет Тврдина" ги потврдија криминалните дејствија на Никола Груевски и неговите соработници.
На црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков, потенцира Каевски.
„Молкот, тишината на Мицкоски е силна потврда на се она што го говориме и што граѓаните добро го знаат. Христијан Мицкоски е еден од сорботниците на Никола Груевски, негова десна рака, негов советник, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
До денеска Христијан Мицкоски се нема оградено ниту еднаш за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ. Не слушнавме ниту осуда за сторените дела, ниту згрозување, ниту извинување кон граѓаните.
Наместо повик за одговорност со години Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот на режимот и на Никола Груевски. Затоа Мицкоски молчи.Затоа голем број поединци кои беа блиски соработници на Груевски во 11 годишниот режим, сега се блиски соработници на Мицкоски“, рече портпаролот на СДСМ.
Во ВМРО-ДПМНЕ нема ниакакква промена, тоа е истата режимска и криминална партија.