СДСМ ѝ врати на ВМРО-ДПМНЕ за „Паразит“

Каевски: Христијан Мицкоски е прв и главен паразит на ВМРО-ДПМНЕ

За време на кариерата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како советник за енергетика, директор на АД ЕЛЕМ, но и по разрешувањето, за Мицкоски биле исплатени над 93.000 евра, обвини на прес конференција портпаролот на СДСМ и пратеник, Дарко Каевски.

Фото: СДСМ

Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски тврди дека како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, Мицкоски секој месец добивал хонорар од 1.100 евра. За советување вкупно му биле исплатени околу 50.000 евра.

„Потоа како директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра. Неговата месечна нето плата во ЕЛЕМ изнесувала 98.000 денари нето. Покрај што земал хонорари и плата од АД ЕСМ Мицкоски добивал надоместок и после неговото разрешување. Иако по разрешувањето од функцијата директор и претседател на Управниот одбор се вратил да работи како професор на факултет за 12 месеци на име разлика во плата од АД ЕСМ добивал месечно 60.444,00 денари. За 12 месеци му се исплатени вкупно 805.920,00 денари бруто. По раскинување на менаџерскиот договор, примил уште над 13.000 евра пари од граѓаните“, рече Каевски.

Покрај Мицкоски, тој тврди дека и Гордана Кочоска Димитриевска примала надомест по разрешувањето од функцијата член на управен одбор и директор за финансии на тогашното АД ЕЛЕМ. Според него, таа уште една година примала цела плата од 66.432 денари нето. Во периодот додека била член на управниот одбор и директор за финансии од февруари 2014 година, до август 2017 година за плати за Кочоска Димитриевска биле исплатени 4.148.608,00 денари или повеќе од 67.000 евра.

„Еве кои се вистинските паразити и по разрешување од функцијата продолжиле да земаат пари од граѓаните иако можеле да се откажат од таквата придобивка. ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити кои со години земале државни пари и се богателе на сметка на граѓаните, кои тогаш тонеа во долгови и сиромаштија“, вели Каевски.

Легенда под Главна слика

Фото: СДСМ

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе