На Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда

Кацарска со делегација нема да патува до Индонезија, ќе штеди и ќе учествува онлајн

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска онлајн ќе учествува на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда, што се одржува од 4 до 7 октомври во Бали, Индонезија. 

„Со оглед на економската ситуација во Република Северна Македонија и мерките за штедење кои ги спроведува Судот, претседателката Добрила Кацарска одлучи во оваа прилика да не патува делегација на Уставниот суд поради трошоците кои изнесуваат околу 14 илјади евра и присуството на Конгресот во Бали се замени со онлајн учество“, соопштија денеска од Уставиот суд.

Централна тема на Конгресот е „Ограничување на улогата на уставните судови во одржувањето на мирот". На сесиите кои се одржуваат се дискутира посебно за следните прашања: „Основни принципи: заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслов за мир"; „Апликации до уставните судови"; „Независноста на уставните судови (преглед)"; и „Базата на податоци на Венецијанската комисија".

Во соопштението од Уставиот суд се наведува дека Светската конференција за уставна правда обединува 119 уставни судови и совети и врховни судови во Африка, Америка, Азија, Австралија/Океанија и Европа.

Ја промовира уставната правда како уставна ревизија, вклучувајќи ја и судската пракса за човекови права, како клучен елемент за демократијата, заштитата на човековите права и владеењето на правото. 

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе