Милан Врабевски
Средбата се одржа на официјално барање на бизнисменот Врабевски (во прилог) за помошта во неколку здравствени установи (Струмица, Делчево и Свети Николе) на неговата компанија „Комак медикал“ и вакциналните центри отворени на граничните премини. Во неговото писмо се вели: „Сакам со мојата екипа да продолжам да дејствувам на ваков начин со единствена цел односите меѓу двете држави да се братски“.
Милен Врабевски преку неговата фондација „Бугарска меморија“ е финансиерот и на бугарските клубови „Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ во Битола и Охрид. Тој деновиве изјави дека имал средби со повеќе наши јавни функционери, а освен со Пендаровски, наведува дека имал средба и со поранешниот премиер Зоран Заев и со владиката Наум. „Нема ништо чудно во тоа што филантропи како мене да се во постојана комуникација со политичарите“, изјавува Врабевски и додава дека за отворањето на бугарски клубови е нормално и неопходно, не само во Македонија, туку во секоја земја каде што има Бугари.
Денеска Советот на Благоевград одлучи да го забрани отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ што требаше да се отвори на 30 октомври.
А.Д.