ЈО и МВР: 5 години затвор ако по социјалните мрежи се одборуваат воените злосторства во Украина

Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик, велат од македонското Јавно обвинителство.

„Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело“, велат од Обвинителството.

Оттука наведуваат дека законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години.

Како што се додава, ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години. Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население.

Обвинителството апелира и до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на е-пошта [email protected] за соодветно постапување.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе