Донација

Јапонија ќе ѝ даде на Брвеница комунално возило за да се собира ѓубрето

Во рамки на јапонската програма за мали грантови, денеска амбасадорот на Јапонија беше во Брвеница кај градоаначлникот каде потпиша грант со кој оваа мала општина ќе добие комунално возило вредно 67.026 евра со кое ќе може ѓубрето да се собира и во поодалечените села. Претходно, Јапонија финансираше реконструкција на покрив на училиште, а досега Јапонија обезбеди 31 комунално возило за собирање на ѓубре во Македонија.

Јапонскиот амбасадор Хиронори Савада денеска го потпиша вториот грант договор за годинава, во рамки на јапонската GGP-грант програма за мали проекти за човекова безбедност чија цел е подобрување на основните човекови потреби, соопшти Амбасадата на Јапонија. На малата церемонија учествувале градоначалникот Јовица Илиевски и директорот на општинското јавно комунално претпријатие „Вардар", Мирослав Андриески.

„Проектот за обезбедување на Општина Брвеница со комунално возило во износ од 67.026 евра; има за цел да го подобри квалитетот на комуналните услуги за граѓаните. Новото комунално возило ќе му овозможи на општинското јавно комунално претпријатие да пристапи и до поодалечените села во општината со цел да обезбеди одлагање на отпадот. Ова е вториот грант дониран од страна на Јапонија за Општина Брвеница. Претходно преку GPP-грант програмата за мали проекти беше поддржана реконстрункција на покривот на основното училиште во селото Челопек“, соопшти Амбасадата.

Преку програмата за мали грантови (GGP), Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и градинки и 57 здравствени установи и обезбеди 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини.

„Севкупно, Јапонија ја поддржува Северна Македонија во повеќе сектори и тоа инфраструктурен развој, подобрување на здравствената нега, образованието, животната околина, култура, спречувањето на природни катастрофи, бегалската криза, како и итна помош, во вкупен износ од повеќе од 422.3 милиони евра, како и дополнителна нефинансиска поддршка“, се вели во информацијата од Амбасадата на Јапонија.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе