Јајца, камења, вувузели… за денеска завршија и протестот и собраниската седница за францускиот предлог

За денеска протестниот собир пред Собранието е завршен, исто како и денешната собраниска седница за францускиот предлог. Организаторите на протестите што се одржуваат под мотото „Ултиматум – не благодарам“, најавија нов протест пред Собранието за утре во 11 часот, во исто време за кога е закажано и продолжението на 81-та седница. 

Доцна попладнево по завршувањето на собраниската седница, на чиј дневен ред е Информацијата по содржината на предлог-преговарачката рамка, на демонстрантите им се придружија и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Денешниот протест започна уште пред пристигнувањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, која се обрати пред пратениците. Учесниците на протестот пред Собранието се појавија со транспарентите „Македонците уште се борат за своите правдини”, „Слободна ја сакаме, не сакаме протекторати”, „Стоп за бугаризација”, а дел од нив незадоволството го искажаа преку свирежи и фрлање со јајца, камења и тврди предмети кон собраниската зграда.

Во собраниската сала пак, обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски беше проследено со звуците на вувузелите на опозициските пратеници, тропање по масите, исвиркување… за потоа неколку пати да биде запален и скинат францускиот предлог. Не изостанаа и  заканите за затвор кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт. И додека Ковачевски го бранеше предлогот, опозицијата порача: „Уставни измени нема да има”. 

Продолжението на седницата е закажано за утре во 11, а за збор се пријавени над 40 пратеници. 

Фото: Роберт Атанасовски

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе