Стразбур

Извештајот за Македонија на ГРЕКО е објавен на англиски, француски и на МК со ѕвездичка

Групата на земји против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО) вториот извештај за оценките за  мерките преземени од македонските власти го објави на англиски, на француски јазик и на МК со ѕвездичка. Во објаснувањето на ѕвездичката пишува дека  се работи за неофицијален превод, обезбеден од властите на Северна Македонија.

Сепак, се работи за објава на официјалниот сајт на Советот на Европа. А и ако е неофицијален преводот, зошто не се кажува дека преводот е на македонски јазик, со објаснување дека е преводот неофицијален, а обезбеден од македонските власти.

Очигледно е дека се работи за некаква нова форма за да се избегнат сите можни непријатности во Стразбур, поврзани со употребата на зборот „македонски јазик“.

Непријатностите се присутни и во Брисел. Пред само 10 дена преведувач од Македонија добил понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик.

А.Д.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе