Извештајот за Македонија и некои од спорните амандмани поминаа во Европскиот парламент

Со 508 гласа „за“ и 56 „против“ европарламентарците денеска го усвоија Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот на Европскиот парламент, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, но и некои од контроверзните амандмани.

Како што јавува МИА од Брисел, извештајот го поздравува реформскиот напредок на земјата и инсистира на спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Европратениците ги одобрија спорните амандмани 75б, 79 и 80, за кои предупреди Институтот за европска политика (ЕПИ) дека претставуваат поткопување на основните стандарди вредности на ЕУ. Амандманот 75б се однесува на историското помирување и „заедничка историја“, со што според ЕПИ, Европскиот парламент го одобрува притисокот што го врши Бугарија за да се толкува историјата на нивен начин.

Амандманот 79, кој исто така е усвоен, се оценува како притисок врз заедничката Комисија за историски и образовни прашања, која треба да работи независно и без никакви политички притисоци.

Амандманот 80, пак, се коси со проценката на Европската комисија, бидејќи гласи оти нема напредок во имплементацијата на Договорот за пријателство меѓу земјава и Бугарија од 2017, што не е став на Европската комисија во нејзиниот последен извештај во 2021, предупреди ЕПИ.

Освен тоа неколку европратеници од бугарската националистичката ВМРО – БНД во текот на расправата пред гласањето ја нарекоа Северна Македонија „геноцидна кон Бугарите“. Европратеникот Андреј Слабаков дури оцени дека без бараните бугарски промени, членството на Северна Македонија е рамно на „тумор за ЕУ“.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе