Брисел

Извештајот на ЕК за Македонија од 2 до 4 март

Извештајот за напредокот на Македонија и Албанија се очекува од 2 до 4 март, а идејата е Европската комисија да излезе со него кога сите земји-членки ќе бидат позитивни за давање зелено светло за датум за почеток на преговори со Унијата, потврдија за МИА дипломатски извори од Брисел.

Извештајот треба да биде усвоен на состанокот на еврокомесарите, кои имаат средба в среда на 4 март.

ЕК сака земјите членки да бидат позитивни и затоа извештајот се подготвува детално и внимателно, велат дипломатските извори, но додаваат дека сепак последниот збор за двете земји ќе биде на Советот за општи работи, кој се одржува два дена пред Самитот кон крајот на март.

Премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел каде учествуваа на донаторската конференција „Заедно за Албанија“ имаа средба со претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен, која меѓудругото им го честиташе донесувањето на Законот за јавно обвинителство, како и сите други реформски закони донесени пред распуштањето на Собранието.

Претстојниот извештај на ЕК бил исто така тема на средбата, на која, како што соопшти Владата било оценето дека се очекува со овој извештај и со новата методологија да се направи чекор напред во прогресот на интеграцијата на Македонија.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека ако резултатите од извештаите на Европската комисија за Македонија и Албанија се позитивни, тој ќе поддржи почеток на преговори со овие земји за влез во ЕУ.

„Го очекуваме извештајот во март, во зависност од тоа дали резултатите се позитивни и дали е воспоставена доверба, ние ќе бидеме во состојба да ги почнеме преговорите“, истакна Макрон на Минхенската безбедносна конференција.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе