Изборот на уставни судии утре на собраниска Комисија

По летниот колективен одмор претседателот на Собранието, Талат Џафери, денес, во присуство на потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, претставниците на Алтернатива и БЕСА и претставникот од Владата, ја одржа првата редовна координациј.

Џафери на средбата информираше дека на 14 септември е планирано одржувањето на првата нова седница на Собранието за овој месец. Дополнително, тој ги информираше присутните и за следните планирани активности во законодавниот дом.

„Џафери им посочи на координаторите на пратеничките групи од утре да продолжи со работа Комисијата за избори и именувања со точката за избор на уставните судии, а преостанатите комисии на Собранието да продолжат со разгледување на преостанатите точки од дневните редови.

Во периодот што следи, пратениците ќе работат и по продолженијата на веќе започнатите пленарни седници“, соопшти собраниската прес-служба.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе