Евакуиран во Мелбурн, Австралија

Иванов говореше, се вклучи аларм: Да не ме предупредува да прекинам со говорот? (ВИДЕО)

Безбедносниот аларм го прекинал говорот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов во Мелбурн, Австралија, додека говорел на донаторската вечера организирана од Македонската добротворна организација, објави австралискиот портал „Фаланга“.

„Да не ме предупредува да прекинам со говорот?“, праша Иванов среде говор.

Во салата настанала паника и за кусо време присутните биле евакуирани од салата. На местото веднаш пристигнале противпожарните екипи, прегледале зградата и по проверката присутните се вратиле во салата и Иванов го продолжиле својот говор.

Досега нема одговор од надлежните која е причината за вклучување на алармите и што точно се случило.

Иванов, заедно со сопругата Маја, е во посета на Австралија во организација на Македонската Добротворна Организација на средби со македонската дијаспора.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе