Исвиркувањето на химната на Бугарија во Скопје е во спротивност со европските принципи, велат од бугарското МНР

Денеска бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека „го осудува јавното сквернавење на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Бугарија и Македонија во Скопје".

„Говорот на омраза против Бугарија и Бугарите од трибините на националниот стадион во Скопје претставува недвосмислено негирање на основните вредности на современите демократски општества и јасно е во спротивност со европските принципи и норми на однесување,“ наведува бугарското МНР.

Во соопштението се додева дека е „забележана реакцијата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, со која се осудува говорот на омраза за време на фудбалскиот натпревар", но истовремено се повикуваат власти во Скопје да преземат решителни чекори „за искоренување на антибугарската агресија на јавниот простор на државата".

„Потсетуваме дека со Договорот од 2017 година и билатералните протоколи потпишани во 2019 и 2022 година, двете земји категорично се залагаат за преземање ефективни мерки против говорот на омраза. Одржувањето на напредокот постигнат во последните месеци во политичкиот дијалог бара ваквите настани засекогаш да станат дел од минатото. Само во тој дух двете земји ќе можат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и добрососедство,“ се додава во соопштението на бугарското МНР. 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе