Истражување на МЦМС: Корупцијата е најголем проблем, а најмногу ја има во судовите

Корупцијата е најголем проблем, а граѓаните кои не се оптимисти дека таа ќе се намали и во иднина сметаат дека најкорумпирани се судиите, министрите, пратениците, градоначалниците и обвинителите, покажува истражувањето за проценка на корупцијата спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Вкупно 80 проценти од анкетираните сметаат дека желбата за брзо богатење на оние кои се на власт влијае на широката распространетост на корупцијата, а значен фактор е и недостатокот на строга административна контрола на корупцијата, неспроведувањето на законите и недоволната заштита на лицата кои пријавуваат корупција.

„Иако околу една третина од граѓаните (33,7 проценти) биле изложени на коруптивен притисок, а 32,9 проценти биле вклучени во корупција, сепак, корупцијата останува неказнива. Овој процент, претворен во апсолутни бројки, под претпоставка дека се работи за поединечни случаи, покажува дека станува збор за потенцијално над 550.000 сторени дела. Во 2020 година, вкупно 82 лица биле осудени за злоупотреба на службената положба или поткуп, односно, стапката на ефикасност на институциите од 0,015 проценти, толкав е процентот на случаи кои се обработуваат наспроти оние кои претпоставуваме дека се случуваат”, наведува МЦМС.

Мал број од граѓаните или само четири проценти се изјасниле дека би платиле поткуп, а 17 проценти би платиле доколку можат да си дозволат. За разлика од нив, 45 проценти не би платиле во никој случај, а 31 процент не би платиле доколку има друг начин да го решат проблемот.

Речиси три четвртини од граѓаните сметаат дека постои веројатност или голема веројатност за коруптивен притисок и во иднина. На скалата од еден до пет, каде што еден значи дека воопшто нема корупција, а пет распространетост на корупцијата од највисоко ниво, 75 проценти од граѓаните дале највисоки оценки за распространетост на корупцијата во судовите, 71 процент за распространетост на корупцијата во обвинителството и над 66 проценти сметаат дека корупцијата е распространета во Владата и Царината.

Што се однесува до довербата во антикорупциските институции, речиси 33 проценти од граѓаните имаат целосна или делумна доверба за справување со корупцијата во Владата, 30 проценти во Министерството за внатрешни работи, а Државната корупција за спречување корупција е на трето место со околу 24 проценти.

Според МЦМС, довербата во овие институции значително опаднала во споредба со 2019 и 2018 година.

Анкетата за потребите на МЦМС ја спровела ИПСОС на репрезентативен примерок од 1014 полнолетни лица. Анкетата е спроведена во периодот од 27 април до 20 мај годинава. 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе