Галуп интернешнл

Истражување: Избoрите во светoт се сметаат за слoбoдни и фер, во Македонија мнозинството смета дека државата не се води според нивната волја

Не секаде на избраните влади се гледа дека управуваат спoред вoлјата на нарoдoт. Две oд пет лица ширум светот се согласуваат или донекаде се согласуваат дека нивната земја е управувана спoред вoлјата на граѓаните. Сепак, повеќе од половина од анкетираните не се согласуваат. Во Македонија мнозинството од испитаниците не се согласуваат со изјавата дека земјата е водена според  волјата на граѓаните.

Кога станува збор за избори, се чини дека резултатите се наопаку - околу половина од анкетираните се согласуваат или многу се согласуваат дека генерално изборите во нивната земја се слободни и фер, а околу 40% не се согласуваат.

Ова се дел од резултатите од најновото глобално истражување „Гласот на народот“ спроведено од Меѓународната асоцијација Галуп на крајот на 2021 година. Ова истражување за демократијата опфати 45 земји ширум светот, со околу 42.000 полнолетни граѓани, кои претставуваат околу 2/3 од светската популација. Во последните седум децении, Меѓународната асоцијација Галуп редовно ја следи перцепцијата на луѓето за владеењето и правичноста на изборите.

Демократија во управувањето низ светот

42% од анкетираните ширум светот се согласуваат или многу се согласуваат дека нивната земја е  управувана според волјата на народот. Сепак, повеќе од половина од овие испитаници не го сметаат ова владеење доволно демократско. Делот на граѓани кои не можат да одлучат дали со нивната земја се владее на демократски начин е релативно мал.

Најизразено незадоволство од демократската природа на владеење во регионите и меѓу големите  земји изразуваат испитаниците од Русија и САД, а исто така и од Европа и Латинска Америка.

За Македонија и регионот

И Македонија беше дел од ова глобално истражување кое го спроведе Брима во периодот од 18 ноември до 2 декември 2021 година на 1.210 испитаници, лице-в-лице, во домот на испитаникот, со маргина на грешка од +/- 2,8.

По ова прашање, Македонија е во рамките на светскиот просек. 41% од испитаниците во Македонија се согласуваат или многу се согласуваат со изјавата дека земјата е водена според  волјата на граѓаните. 39% не се согласуваат, и 17% многу не се согласуваат со оваа изјава.

Нашата земја е водена според волјата на граѓаните

Од соседните држави, во Бугарија, само 17% од испитаниците се согласуваат или многу се  согласуваат дека нивната земја е водена според волјата на граѓаните. 49% во Србија, и високи 76%  од испитаниците во Албанија сметаат дека нивната земја е водена според волјата на граѓаните.

Слободни и фер избори

Нешто повеќе од половина од анкетираните луѓе ширум светот ги сметаат изборите одржани во нивната земја слободни и фер. 43% го мислат спротивното, а 5% немаат мислење по ова прашање. Меѓу поголемите нации и региони, испитаниците од Индија повторно се најсигурни во слободата и правичноста на изборите во својата земја - 73% „позитивно“ одговориле на ова прашање, по што следуваат ЕУ и Источна Азија. За правичноста на изборите најмногу се сомневаат во Русија (59%), Блискиот Исток (51%) и европските земји надвор од ЕУ (52%).

Интересно, иако европските граѓани (и во земјите на ЕУ и во земјите кои не се членки на ЕУ) изразуваат прилично силна загриженост за демократската природа и владеење, тие не го делат истиот став за изборите во нивната земја. Во ЕУ, на пример, две третини од испитаниците веруваат дека изборите се слободни и фер, а третина не се согласуваат. Сепак, довербата во демократското  владеење на избраната власт не е толку голема – 38%.

Најзадоволни од слободата и правилноста на изборите се испитаниците во Гана (85% се согласуваат или многу се согласуваат дека изборите во нивната земја се слободни и фер), Азербејџан (78%), Индонезија и Виетнам (77%), Косово (76%) и Чешка (75%).

Луѓето во Босна и Херцеговина (90% не се согласуваат или многу не се согласуваат со изјавата дека изборите се слободни и фер), Нигерија (82%), Албанија (70%), Колумбија (67%), Бугарија, Ирак и  Романија (65%) изразуваат најголема загриженост за изборите во нивната земја.

За Македонија и регионот

И по ова прашање Македонија е во светскиот просек. Околу 55% од испитаниците сметаат дека  изборите во нашата земја се слободни и фер (многу се согласувам + се согласувам), 40% го мислат  спротивното и 4% се без одговор на ова прашање.

Општо, изборите во нашата земја се слободни и фер

Од соседните држави, најголем процент на „позитивни“ одговори по ова прашање има во Косово  (76%), 50% во Србија, 30% во Албанија и најниски 22% во Бугарија сметаат дека изборите во нивната земја се слободни и фер.

Индекс на Гласот на народот

Индексот „Гласот на народот“ е развиен од Меѓународната асоцијација Галуп ги комбинира ставовите на испитаниците кон двете изјави „Нашата земја е водена според волјата на граѓаните“ и „Општо,  изборите во нашата земја се слободни и фер“, одразувајќи ги перцепциите за суштинските  демократски вредности.

Според индексот на Гласот на народот, 34% од анкетираните ширум светот живеат во услови на силна демократија, што значи дека се согласуваат дека нивната земја е водена според волјата на граѓаните и дека изборите во нивната земја се слободни и фер. 35% од анкетираните ширум светот живеат во услови на слаба демократија, каде ниту изборите се сметаат за слободни и фер, ниту владеењето се смета за демократско. А четвртина од испитаниците живеат во земја каде што не е исполнет ниту еден од  условите за силна демократија.

Истражувањето „Крајот на годината” на Галуп интернешнл е годишна традиција иницирана  и дизајнирана под претседателство на д-р Џорч Галуп во 1977 година. Оттогаш се спроведува секоја година. Оваа година се спроведе во 45 земји во светот.

Близу 42.000 лица во 45 земји беа интервјуирани на глобално ниво. Во секоја земја, национално репрезентативен примерок со околу 1.000 мажи и жени беа интервјуирани во текот на октомври декември 2021 година, лице в лице, преку телефон или преку Интернет. Маргината на грешка за истражувањето е помеѓу + 3-5% на ниво на доверба од 95%.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе