ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА

Истражители и обвинители на СЈО се во МПМ

Минатата недела истражители и обвинители на Специјалното јавно обвинителство ја посетиле и компанијата Медиа принт Македонија, издавачот на весниците „Дневник", „Утрински весник" и „Вест". Екипа на СЈО се и денеска во просториите на МПМ. Во СЈО велат дека за сите предистражни постапки не даваат никакви информации.

Како што дознаваме екипа на СЈО минатата недела биле во МПМ и барале документи од 2009 и 2010 година, фактури и плаќања за извршени кампањи од ВМРО-ДПМНЕ и Владата на Република Македонија.  

Од неодамна бизнесменот Јордан Камчев и неговата фирма „Орка холдинг“ и Јана Станисаљева со фирмата „Интернет груп инвестмент“ излегоа од сопствеништво на компанијата „Графички центар“, која пак е сопственик на МПМ. Сега сопственик на „Графички центар“ е „Издаваштво Телеграф“.

„Со одлука на Управниот одбор на компанијата, донесена лани на 12 декември, а спроведена во Централниот регистар на РМ на 15 февруари, компанијата „Интернет груп инвестмент“ го продаде својот удел во „Графички центар” ДОО Скопје, сопственик на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), по номинална цена. Сите обврски кои компанијата ги имаше кон вработените заклучно со 31 декември 2016 година се подмирени. Во наредните денови ќе се подмират и обврските кон платите за јануари“, соопшти компанијата. 

Од денеска новинарите на МПМ штрајкуваат поради доцнење со платите.

 

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе