Историчарот Љоровски нов член на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија

Владата го назначи Димитар Љоровски за член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

„Во пресрет на утрешната средба, Министерството за надворешни работи го достави предлогот на Комисијата до Владата на Република Северна Македонија, која го назначи Димитар Љоровски за член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија“, соопшти денеска МНР.

Како што истакнуваат од МНР, Љоровски е именуван за нов член на Комисија согласно неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветно покривање области од нивната работа.

Димитар Љоровски е историчар и професор во Институтот за национална историја – Скопје.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе