Инспекторат за локална самоуправа: градоначалниците имаат техничка функција до 31 декември

Државниот инспекторат за локална самоуправа реагира на толкувањата за мандатите на градоначалниците и на општинските совети и тврди дека се произволни и несериозни со цел да се манипулира јавноста. 

Инспекторатот, како што стои во соопштението до медиумите појаснува дека согласно член 35 став 1 од Законот за локална самоуправа, мандатот на советниците е четири години и со оглед на тоа што последните локални избори се одржаа на 24 март 2013, нивниот мандат истече на 24 март 2017 и сите одлуки кои советниците ги донеле по овој датум од страна на инспекторатот се поништени и ставени се вон сила, а никаква евентуална законска измена од Собранието нема ретроактивно дејство.

Состојбата со мандатот на градоначалниците, според Инспекторатот е поинаква.

„Мандатот на градоначалниците е регулиран со член 49 и 52 од Законот за локална самоуправа каде што стои дека мандатот трае до завршување на тековната година, што значи до 31.12.2017. Па со оглед на изминатиот мандат на советниците, градоначалниците извршуваат техничка функција и општините не смеат да прекинат да функционираат“, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Оттаму додаваат дека ниту биле консултирани ниту учествувале на јавни дебати организирани од ЗЕЛС, на кои, според соопштението, се носеле произволни заклучоци без законска основа и од партиски интереси, без законска основа и се лицитирало со датуми за мандати. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе