Инспекциските служби за седум дена извршиле 4.080 контроли, затворени два угостителски објекти во Гостивар

Во периодот од 23 ноември до 29 ноември седумте инспекциски служби извршиле вкупно 4.080 контроли, а затворени се два угостителски објекти во Гостивар заради непочитување на здравствените протоколи, беше соопштено на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет.

Во овој период Државниот пазарен инспекторат извршил 2.635 контроли и 462 надзори поврзани со материјалните закони и здравствените протоколи за работа на угостителските објекти. Притоа, поднесени се 18 прекршочни пријави, 31 прекршочен платен налог и 54 решенија. Од овие 54 решенија, две решенија се донесени согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и се однесуваат на 2 угостителски објекти од Гостивар кои не го почитувале протоколот во делот на ограничен број на гости на маса, поради што изречена им е забрана за работа и соодветна глоба за правното лице и за одговорното лице во правното лице.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат пак, извршил 80 надзори, а издадени се 12.218 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на ковид-19 и лица кои биле во контакт со заболени, а дополнително издадени се и 9 решенија за констатирани неправилности.  
Државниот инспекторат за транспорт во изминатите седум дена извршил 43 надзори, при што изречени се 8 прекршочни пријави, 7 решенија и 1 платен налог за прекршувања на материјалните закони, но немало прекршувања на Законот за заштита на населението од заразни болести и на протоколите за превоз на патници.
Агенцијата за лекови и медицински помагала во истиот период извршила 28 надзори во аптеки по основ почитување на мерките и издавањето на антибиотици, при што изречено е едно решение согласно Законот за лекови и медицински средства.
Државниот инспекторат за труд спровел  501 надзор во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на вработените. При овие надзори, од страна на трудовите инспектори изречени се 26 решенија согласно материјалните закони, а дополнително изречени се и 6 платни налози заради неносење на заштитна маска за лице во работниот простор во Ресен и во Битола.                                                                                                                                              Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 23 до 29 ноември, спроведе 331 надзори, при што издадени се 5 решенија, еден платен налог и извршени се 22 едукации поради констатирани неправилности кои се однесуваат на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи и неправилно означување на производите.
Инспекторатот за животна средина и природа  во истиот период извршил 53 инспекциски надзори, од кои 10 надзори во правни субјекти кои поседуваат А-Интегрирани еколошки дозволи, 38 во правни субјекти кои поседуваат Елаборати за животна средина и 4 инспекциски надзори на нестандардни комунални депонии. Притоа, издадени се 16 решенија со корективни мерки за правни субјекти кои поседуваат А-Интегрирани еколошки дозволи и за правни субјекти кои поседуваат Елаборати за заштита на животната средина. Во текот на викендот овој инспекторат во Тетово, Куманово и Кавадарци, градови во кои беше надминат прагот на алармирање, изврши 17 вонредни надзори.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе