Информации за преговорите со Бугарија идната недела пред пратениците

Претставници на Владата се подготвени пред пратениците во Парламентот да презентираат информации поврзани со преговорите со Република Бугарија, потврдуваат од Владата.

„Во комуникација потврдено е дека постои интерес за одржување на сесијата во Собранието, периодов ќе следи усогласување на термините согласно агендите, по што јавноста ќе биде информирана“, додаваат од Владата.

Претседателот Стево Пендаровски претходно во интервју за МИА рече дека според негови сознанија најверојатно следната недела Акцискиот план со Бугарија ќе се најде пред собраниската Комисија за европски прашања или за надворешна политика.

„Она што го знам како последна информација е дека најверојатно следната недела на собраниската Комисија за европски прашања или за надворешна политика двајцата во оваа смисла надлежни министри, значи Димитров за евроинтеграции и Османи…“, рече Пендаровски, додавајќи дека дали седницата ќе биде отворена или затворена за јавност треба да биде одлука на членовите на Комисијата.

Претседателот додава дека не гледа причина зошто да нема седница на која ќе се информира за тековните активности со Бугарија.

„Мислам дека е донесена одлука во Владата тоа да се случи. Нема причина зошто да не се случи. Тоа е нивна практично и тековна обврска одвреме-навреме да ги информираат законодавниот дом и пратениците. Значи, ќе има таква сесија, на која сигурно ќе се разговара и за најновиот развој на настаните во таа смисла, во смисла на документи…“, вели Пендаровски.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе