Шефот на дипломатијата очекува натамошна поддршка од САД

Имаме уникатен модел на држава, но и корупција насекаде, вели Османи

По пораките од новата американска амбасадорка Анџела Агелер дека на Македонија ѝ е потребнo системско справување со корупцијата, денеска на брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи како главна тема ја наметна токму борбата против корупцијата. Тој оцени дека Македонија е добар и уникатен модел на уредена држава по многу прашања, но дека е приоритет сега расчистување со корупцијата на сите нивоа. Наредните години, ќе бидат години на антикорупциска политка за државата, рече Османи.

„Тоа што го созддадовме во делот на мултиетничката демократија, како култура на односи, на дијалог, на решавање на конфликти и прашања, создадовме сериозен модел на оваа држава во регионот. Уште ни треба да имеме сериозна демократија и сериозни институции во борбата против корупцијата и ние ќе бидеме така што треба да бидеме, како што очекуваат нашите пријатели и како што очекуваат нашите граѓани“, рече Османи.

Според шефот на дипломатијата, државата ги реши егзистенцијалните прашања, внатрешно се консолидираше во однос на функционална мултиетничка демократија и меѓуетнички односи, си ги среди односите со соседите, рече тој, се етаблирараше меѓународно. Ова е, нагласи Османи, позитивен развој на државта и општеството, кога останатите прашања веќе се решени,

„Ова е заедничка определба помеѓу нас и САД за засилена антикорупциска борба. Државата и ние апсолутно ги поддржуваме тие ставови на САД и очекуваме сериозна поддршка. Еден од мотивите за почнување на стратешкито дијалог со САД беше нивно вклучување во атикорпциските полтики и овде. Сега веќе имаме два големи инструменти за следење на антикорупциските политики. Еден е скринингот и преговорите со ЕУ и САД преку стратешкиот дијалог и нивните инструменти, дали се тоа механизмите на внесување во црни листи или други јавни именувања или други начини на поддршка“, рече министерот..

На новинарско прашање каква конкретна помош очекуваат од САД во борбата против корупцијата, Османи повтори дека во рамки на стратешкиот дијалог САД досега дале 4,2 милиони евра само за поддршка антикорупциските политики. Очекуваат поддршка и во обука, но и искористување на конкретните механизми што ги имаат на располагање САД.

„Како држава имаме сериозен проблем со корупцијата на сите нивоа, не само на политичко. На сите можни нивоа, во сите можни општествени сектори каде граѓаните бараат услуги од државата на било кое ниво. Овој фокус што го ставаме заеднички со нашите партнери САД и со ЕУ, е и резултат што големите прашања ги надминавме, кои не дефокусираа од оваа политика на борба против корупцијата“, нагласи Османи.

Министерот во тој контекст рече дека постои недвосмисленост кај членовите на Владата да се расчисти прашањето во врска со Олександр Онишченко, и во делот на одговороноста, но и во делот на што понатаму со случајот.

„Јас пред да тргнам на пат минатата саботата, бев присутен на седница на Влада, каде се разговараше за овој случај. Видов недвосмисленост кај членовите на Влада ова прашање да се расчисти и во делот на одговороноста, но и во делот на што понатаму со случајот. Јас очекувам дека институциите набрзо ќе постапат по експертските совети“, рече Османи.

Прашан за ставот во врска со случајот дека синот на висок функционер положил правосуден испит пред да дипломира, Османи порача до институциите да го расчистат случајот.

Како што рече, за да се има став по ова прашање, треба да се знае што точно се случувало. Тој очекува надлежните да ги расчистат сите дилеми кои ги има во јавноста.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе