Реакција

Илинка Митрева за интервјуто на Заев: Има простор за вонреден конгрес во СДСМ

„Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. Време е Заев да се соочи со судот на јавноста“, вели поранешната министерка за надворешни работи и член на СДСМ Илинка Митрева.

„Ставовите на Заев се завршниот удар што тој ѝ го задава на Македонија. Почна од Преспа и промената на името на нашата држава, а сега посегна по идентитетот, јазикот и историјата – по ноторни историски факти, фашистичката окупација на Македонија. Капитулираше пред најголемиот напад со кој се соочила Македонија од почетокот на нејзиното постоење: уцени, притисоци и барања што задираат во темелите на македонската нација“.

Ова го вели професорката Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи на Република Македонија, како реакција на интервјуто на премиерот Зоран Заев за агенцијата БГНЕС, пренесува Плусинфо.

„Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот.  Време е Заев да се соочи со судот на јавноста.  Нема простор за политички манипулации и дообјаснувања во СДСМ, нема простор за амнестија.  Но, има простор за вонреден конгрес”, вели Митрева.

Таа смета дека е време „да се испрати натпартиска порака до сите општествени и политички сили во нашата земја, до сите граѓани, да се обединиме пред тешките предизвици што ни претстојат“.

„Како поранешен политички деец, но и како граѓанин, имам право и обврска да застанам во одбрана на националната гордост“, заклучува професорката Митрева.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе