МАКЕДОНСКОТО ДРУШТВО ОД ТИРАНА РЕАГИРА

„Илинден“: Во Преспа, Голо Брдо и Гора нема Бугари, туку само Македонци

Македонско друштво „Илинден” од Тирана, заедно со огранокот на Друштвото за Голо Брдо, најостро го осуди Извештајот за напредокот на Албанија за членство во ЕУ, усвоен од Европскиот парламент. 

Осудата се однесува особено за делот каде што по предлог на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, Македонците во областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора се наведуваат како Бугари, со препорака тие да бидат вклучени во законодавството на земјата и да бидат гарантирани во практиката на Република Албанија.

„Македонско друштво „Илинден” од Тирана и Огранокот за Голо Брдо, повторуваат дека Бугари во Албанија и во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, нема. Потсетуваме дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат Бугари, туку само Македонци. Од албанската и од македонската влада бараме да испратат остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари“, стои во соопштението на Македонско друштво „Илинден”.

За „Илинден“ извештајот за напредокот на Албанија за членство во ЕУ, особено делот за Македонците како Бугари, е груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединети нации.

Истовремено, како што се додава во соопштението, Македонско друштво „Илинден” и Огранокот за Голо Брдо апелираат до Брисел за активни мерки против „денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија“.

Вчера, Европскиот парламент усвои резолуција за Албанија во која се потврдуваат правата на „бугарското население во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“. Оваа резолуција за Албанија е донесена по предлог на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски.

„Бугарското национално малцинство во Албанија е историски факт, а неговото признавање од страна на Европскиот парламент во никој случај не е антимакедонски чин“, изјави за МКД.мк бугарскиот европратеник Андреј Ковачев

На ова реагираше Европската слободна алијанса (ЕФА) со изјава дека Бугарија преку Албанија сака да си ја протурка агендата за непостоење на македонскиот народ.

 

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе