Реакција

Илија Димовски: Македонија доби бинационална влада, ВМРО-ДПМНЕ треба да понуди платформа за интеграција

За прв пат по децении, Република Македонија доби Влада во која членуваат само министри Македонци и Албанци. Прв пат во македонската Влада, нема ниту еден министер Турчин, Ром, Србин, Влав или Бошњак, се вели во реакцијата на Илија Димовски, член на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот избор на новата влада.

„Според пописот во 2002 (тој е последен) околу 10% од граѓаните на Република Македонија се припадници на помалите етнички малцински заедници. Нивното значење во градење на државата Македонија е големо и забележливо уште од првото заседание на АСНОМ.

Овие етнички малцински заедници секогаш и секаде биле горди и лојални граѓани на Република Македонија.

Покрај многуте политички слабости и ризици по државата, јас одбрав да ја потенцирам оваа критична точка, затоа што има најголем ризик по политичката иднина на државата Република Македонија.

Жалам што овој елемент на суштинска слабост на Владата, или намерна поставеност, не доби на поголемо внимание минатите денови.

Партиите на помалите етнички заедници што и понатаму, во вакви околности, ќе останат во лојална коалиција со СДСМ докажуваат дека имаат дефицит на политичка сила за вистинско застапување на своите членови и гласачи.

Од висок државен интерес е ВМРО-ДПМНЕ да понуди политичка платформа за интеграција на интересите на граѓаните припадници на помалите етнички (па и културолошки) заедници кон својата борба за еднакви права на сите граѓани, а со тоа и зачувување на унитарниот карактер на државата и мултикултурниот карактер на општеството“, напиша утрово Димовски на својот фејсбук-профил.

 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе