Пријава до МВР

Игор Дурловски тврди дека добивал закани од советник на Зоран Заев

Поранешниот директор на МОБ и актуелен кандидат за пратеник  на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, тврди дека добивал закани од советник на Зоран Заев.

„После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше сериозна и директна закана за мојата безбедност и личен интегритет.

Инцидентот е пријавен во полициска станица по што очекувам да биде покренета соодветна постапка.

Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика во вакви насилни методи на заканување да ги злоупотребува неговите советници за заплашување на опозиционите кандидати во изборниот процес? Или можеби овие негови советници, кои земаат државна плата од владата, му се целосно вон контрола?
Наскоро ќе ги информирам и претставниците на меѓународната заедница.
Нападите ги гледам како обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам „македонското“ во сопствената татковина“, напиша Дурловски на Фејсбук.

 
МВР попладнево потврди дека денеска во 12.50 час во полициска станица , лицето Игор Дурловски пријавил инцидент.

„Денеска околу 11 часот на улицата '11 Октомври', на семафорите во правец кон Центар, додека бил престроен на средна лева лента со неговото возило марка „фиат 500“ на лева лента било престроено возило БМВ црна боја со бугарски ознаки ЦБ-0404-АМ при што возачот Ф.А., викан Сокол, во возилото го отворил прозорот и му се обратил со зборовите: 'Ќе лежиш сто години затвор' и продолжил право и паралелно возел со пријавиелот, по што повторно со возилото застанал на семафорите на раскрсница на '11-ти Октомври' со улicata 'Филип Втори Македонски', при што пријавителот го прашал да му повтори и истиот повторно му повторил дека треба да лежи сто години во затвор и почнал да го навредува со погрдни зборови и пцовки, пa откако се запалило зеленото светло на семафорот пријавителот тргнал со возилото и истите го одминале и возеле пред него каде на улicata 'Димитрие Чуповски' со улicata 'Васил Главинов' свртеле десно и повторно застанале на семафорите на расксрсницата на булеварот 'Партизански oдреди' со булeварот 'ВМРО', и откако се вклучило зелено светло истите пробале да го удрат со возилото на Дурловски, кон булeварот 'Илинден' и на улицата 'Аминта Трети' свртеле десно према Градски стадион. Пријавителот укажа дека бил цел на вербален напад, закани и загрозување на неговата лична сигурност и спречување на слободното движење“, се вели во информацијата од МВР.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе