Одлука ќе биде на Алијанса за Албанците дали ќе прифатат или дали сакаат да влезат во Владата, но секако нестабилноста на мнозинството е кај ДУИ, вели Ибрахими.
„Оваа Влада работи со истите бројки како што работеше лани во истото време.
Тие се бројките што го сочинуваат стабилното мнозинство, единствена партија чии бројки флуктуираа е ДУИ поради таканаречената огнена група. 'Огнените' можат да го напуштат тоа мнозинство доколку Алијанса за Албанците влезе во Владата. Како тогаш би можела да се надомести таа загуба во пратеници е прашање на кое одговор би требало да дадат од ДУИ. Ние како Алтернатива не би се мешале", изјави меѓу другото Ибрахими за ТВ21.