И во време на криза има инвестиции и нови работни места, велат од СДСМ

Со СДСМ и во време на криза македонската економија останува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции, кои отвораат нови работни места, се наведува во партиското соопштение.

„Во Македонија ќе се произведуваат електрични возила. Владата веќе даде согласност на Договорот за државна помош на компанијата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ" од Ахен, Сојузна Република Германија.

Фабриката ќе се изгради во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово и тоа ќе биде прва фабрика во нашата држава во која целосно ќе се произведува електричен автомобил.

Ова значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили.

Оваа мултимилионска инвестиција е доказ дека економијата е стабилна и конкурентна, сигурна за сериозни странски инвеститори, што се должи на одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ“, велат од партијата. 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе