Покана за новинари

И Владата најави премиерско предавање на функцијата, иако уште Собранието не гласало

„Ве известуваме дека утре, 17 јануари 2022 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот во Владата на Република Северна Македонија ќе се случи примопредавање на функцијата и кабинет помеѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот премиер“, се вели во соопштението за медиумите. Најавата е испратена пред да се случи гласање во Собранието на Македонија каде во тек е расправа по единствената точка на дневниот ред - избор на Влада.

За да биде изгласана нова Влада, која ќе ја предводи Димитар Ковачевски, треба ЗА да гласаат 61 пратеник. Владејачкото мнозинство во моментов брои 64 пратеници.

Претходно и Министерството за земјоделство најави примопредавање на министерската функцијата.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе