И Коцарев ќе се обрати на Илинден, ќе говори со Тодор Петров во битолско Трново

Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, на 2 август ќе има илинденско обраќање во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица”, во потпелистерското село Трново.

Претседателот на Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Љупчо Јаневски, на прес-конференција во Битола кажа дека годинава во Трново со посебна програма ќе биде одбележан голем јубилеј, половина век од традиционалното организирање на Светската Македонска иселеничка средба.

„Семакедонската средба почнува во 10.30 часот, а за битолчани обезбедивме бесплатен автобуски превоз со почетни станици за тргнување од пред местата ‘Шехеразада’ и ‘Јавор’ во Битола. На големиот сенароден собир ќе се обратат претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и други поканети гости кои ќе изразат желба да го поздрават собирот на кој ќе присуствуваат и архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец, Пале Колефски, претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Васил Стерјовски и градоначалниците на Новаци и Могила“, истакна Јаневски.

Инаку, Коцарев во изминатиот период е актуелен со своите ставови за раскинување на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, но во телевизиско интервју негираше дека има амбиции да биде претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ иако неговото име се врти во опозициските кругови.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе