„Концепт 28“ - програмата со фокус на луѓето

И Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Јован Деспотовски е четвртиот кандидат кој ќе се бори за претседателската функција во СДСМ. Тој денеска во партиското седиште поднесе кандидатура за внатрепартиските непосредни избори.

„До Централната изборна комисија, Деспотовски ја достави и неговата програма ‘Концепт 28‘ во која според него, фокус се луѓето. Основната цел е обезбедување на повисок квалитет на живот за сите наши сограѓани, а програмата ‘Концепт 28‘ нуди поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките и мерките“, соопшти СДСМ.

„Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од ‘Кој‘, туку од ‘Како‘ и ‘Каков човек/луѓе‘ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континуитет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година“, стои во програмата на Деспотовски која што е доставена.

Рокот за доставување кандидатури истекува денеска во 16 часот, по што утре Централната изборна комисија ќе ги анализира и ќе ги верификува оние кандидатури кое се во согласност со наведените критериуми.

Сите информации за вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, правилникот, роковите, онлајн алатката за активна регистрација на членовите, програмите на кандидатите кои ги доставиле во електронска форма се достапни на следниот линк https://sdsm.org.mk/vonredni-vnatrepartiski-izbori.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе