„Јас сум член на СДСМ веќе 25 години. Сум ги поминал сите партиски структури. Одговорноста е навистина голема, но не се плашам од предизвици. Некои одлуки не се едноставни. Треба да се понуди концепт на единство. Треба да зборуваме за тоа какви луѓе ни требаат, а не кои луѓе. Тоа треба да биде нашиот наратив. Не само во партијата, туку генерално во општеството“, вели во изјавата за МКД.мк Деспотовски.
Деспотовски е актуелен директор на Дирекција за ТИРЗ.
Досега официјални кандидатури поднесоа Фросина Ременски и Димитар Ковачевски, а во најава е и кандидатурата на Миле Зечевиќ.
А.Д.