ПРОДОЛЖУВА „ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“

И денеска собири на „Протестирам“ низ повеќе градови, се приклучуваат Тетово, Кичево и Радовиш

Движењето „Протестирам“ и поддржувачите во Скопје веќе 13-ти ден ќе протестираат по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за колективна аболиција на 56 функционери и нивни соработници. Протести во духот на „Шарената револуција“ се најавени за денес и во Битола, Прилеп, Охрид... За прв пат кон „Протестирам“ се приклучуваат Кичево, Радовиш, но и  тетовчани. 

„Ги повикуваме сите граѓани и граѓанки на Тетово, градот на мирот и соживотот, заедно гласно да го искажеме нашиот став и да ја пратиме пораката како и нашите другари и другарки од целата држава: Нема Правда - Нема Мир! Повикуваме на масовност. Тетово не смее да молчи. Никој не смее да молчи. Ова е клучен момент. Или протестираш или емигрираш. Или се согласуваш со аболиција на криминалци или протестираш! Или си за изборен грабеж или протестираш! Или си за медиумска манипулација или протестираш! Или си за корумпирано судство или протестираш! Или си за режим или протестираш!“, стои во повикот за денешниот мирен протест во Тетово, кој ќе започне во 19 часот пред зградата на Основниот суд.

Од Кичево потенцираат дека нивниот протест е за правда, слобода и еднаквост. И таму собирот започнува пред градскиот Основен суд, но во 18 часот.

Во Радовиш, пак, поддржувачите на „Протестирам“ ќе се собираат во 19 часот од плоштадот „Свети Спасо Радовишки“.

„Протестирам“ останува на барањата за повлекување на одлуката за аболиција, оставка на претседателот Иванов, одложување на изборите на 5 јуни, преодна влада за итните реформски приоритети на Прибе, специјално одделение на Кривичниот суд кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО...

Б.Ш.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе