„Проблемите во здравствениот систем во државата се исклучително големи и поради лошото менаџирање на Министерството за здравство и како резултат на сите институции кои се во вертикалната хиерархија на Министерството. Граѓаните секојдневно се соочуваат со недостиг од лекови, со несоодветни услови на простори во државните болници како и со целосна дезориентација на организацијата на здравствениот сектор. Факт е дека имаме последователни скандали во здравствените установи, секојдневните поплаки на пациенти кои чекаат со часови да добијат здравствена услуга или на пациенти кои боледуваат од тешки болести кои бараат итна интервенција додека се оставени на милост и немилост. дека здравствениот систем во земјава е пред целосен колапс. Многубројните злоупотреби, сомнителни тендери, бегството на најдобрите стручни лица од државните здравствени установи, јасно докажува дека секој ден во оваа држава е полошо и тоа се должи на фактот на погрешно менаџирање и незнаење за правилно менаџирање на државните институции“, рече претседателот на чаирскиот огранок на Беса.
Завчера со исто барање за оставка на Сали излезе група од 11 членови на огранокот од Чаир на Алтернатива. Тие побараа доколку Сали не поднесе оставка партискиот лидер Африм Гаши во рок од 10 дена да побара разрешување на Сали од министерската позиција. Претседателот на огранокот Фатон Фазлиу потоа со официјално соопштение изјави дека станува збор за група незадоволни лица и дека, огранокот, како што нагласи, ја оценува како успешна работата на министерот Сали. Самиот пак, Беким Сали оцени дека станува збор за група незадоволници гладни за тендери.
Дали станува збор за група од некогашната Беса кои сега се здружуваат останува да се види. Интересно е и дека токму во Чаир минатиот месец се појави незадоволство и во ДУИ, каде практично беше формирана „огнената група“ во ДУИ, која потоа имаше серија разговори со лидерот Али Ахмети за надминување на недоразбирањата, што доведе и до и измени во дел од раководниот тим на партијата.
П.Џ.
Инаку, токму во Чаир минатиот месец се појави незадоволство